Мicrosoft нуди неогранично веб складиште со OneDrive

Microsoft сега им нуди неограничен простор на OneDrive на сите корисниците на Office 365 Personal, Home и University пакетите. Цената на најевтиниот пакет е 7 долари или околу 360 денари. За оваа сума не само што ќе добиете неограничен простор за користење туку и пристап до целиот Office 365 пакет: Word, Excel, OneNote, PowerPoint, Publisher и Access и Outlook. Со понудата ќе имате пристап до Office на PC и на таблет компјутер, вели ZDNet.

Новата понуда на Microsoft ќе ги стави под притисок сите кој нудат слични сервиси. Со оваа промена OneDrive не само што нуди неограничен простор туку е и поевтин од конкурентите Google Drive и DropBox кои наплаќаат по десет долари за 1TB, покрај ова Google нуди неограничен простор на Google Drive for Work за 10 долари месечно по корисник. Дополнително за сите кои се загрижени за приватноста, фајловите на OneDrive ќе ги „одржува“ компанија која одби судска одлука за споделување на имејл содржините на корисниците, јави Geek.

До сега големината на просторот на OneDrive кој го отстапуваше Microsoft беше 1TB, доколку сте заинтересирани и претплатени на Office 365 пакетот, можете да се пријавите за да бидете еден од првите кои ќе добијат пристап до новата услуга.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии