Мicrosoft не сака HTC да прави Window RT таблет компјутери

Microsoft нема да му дозволи на HTC да произведе Windows RT таблет компјутер бидејќи тајванскиот производител на телефони не е доволно голем играч на мобилниот пазар и нема искуство со креирање на таблет компјутери. Windows RT е верзија на новиот оперативен систем оптимизирана за таблет компјутери која ќе работи на мобилните процесори на ARM кои се користат и за паметни телефони.

Според Bloomberg, Microsoft го исклучил HTC oд програмата бидејќи инжинерите на HTC сакале да направат таблет компјутер со персонализиран домашен екран, слично како што прават со Google-oвиот Android на своите паметни телефони. Microsoft очигледно не сака производителите да си играат со кодот на Windows 8, како што не сака ниту да се чепка кодот на Windows Phone мобилната платформа.

Интересно, HTC не го негираше извештајот туку само додаде дека до сега имаат продадено над 40 милиони Windows Phone уреди и дека се посветени да работат и во иднина со Windows Phone платформата. Microsoft исто така додаде дека тајванците се солидни партнери. Но, HTC и Microsoft не искоментираa ништо за Windows 8 и таблет компјутерите.

По веста акции на HTC паднаа за 13 отсто, на најниското ниво во последните две години.

2 коментари на “Мicrosoft не сака HTC да прави Window RT таблет компјутери

  1. не искоментираат ништо

    Imash vishok T na krajot, ****** NEPISMEEEN, preku si mi vishe so tvoite ************, chitaj po dva pati shto preveduvash od tugji tekstovi, mrzo mrzliva…

    1. Фала за забелешката, но преку глава ми е од твоите навредливи и вулгарни коментари, џабе избришав десетици такви глупости. Ако си толку grammar nazi тогаш барем пишувај ги коментарите на македонски јазик. alt + shift за поддршката. Ако не ти се допаѓа што читаш GTFO и не замарај веќе!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии