Microsoft не оди никаде, акциите на компанијата највисоки во историјата

Пред само неколку години во ерата на Стив Балмер изгледаше дека Microsoft ќе има сериозни проблеми. Неколку години подоцна смената на челото на компанијата, но и значителна промена на насоката, направи Microsoft да биде повторно на врвот.

Лоши одлуки од кои најверојатно најпроблематичен е доцниот влез на пазарот за хардвер, придонесоа Microsoft да има проблеми во минатото. Сега компанијата се ослободи од последните делови од минатото, Microsoft е подготвен за нова иднина.

Главните причини поради кои компанијата е со најголема вредност во последните 31 година се две, вели Recode. Microsoft е еден од ретките компјутерски гиганти кои успеа да ја преживее транзицијата од компјутери на мобилни платформи. Вистина компанијата доцна влезе на пазарот, и иако телефоните беа солидни, не успеаја да го пронајдат својот пазар. Но, по преземањето на кормилото од Сатја Надела, Microsoft се врати на „корените“. Компанијата повторно започна да креира софтвер и сервиси, овој пат за сите платформи, вклучувајќи ги и мобилните.

Втората клучна причина е порастот на заработката на Microsoft во време на облакот. Компанијата успеа да пронајде нов начин за заработа од софтверот во ново време. Заработката од Azure порасна за 97%, а промената во лиценцирањето на комерцијалниот Office 365 придонесе до рекордна заработка од пакетот.

Иако Microsoft промаши со телефоните, компанијата е чекор пред конкуренцијата кога виртуелната реалност е во прашање. Иако доцнеа зад Google, апликациите кои се наменети за поголема продуктивност значително помогнаа за популаризација на HoloLens.

Секако ќе има простор за подобрување, но Microsoft барем во моментов изгледа најсигурен последниве десетина години.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии