Microsoft наскоро ќе претстави all-in-one PC

Microsoft во октомври ќе претстави нов Surface уред, кој засега во компанијата е со коднo имe „Cardinal“, јавува ZDNet. Според гласините новиот уред ќе ја претвори работната маса во студио. Од Microsoft подолго време излегуваат вести и дека компанијата работи на all-in-one компјутер. Веста има едвај некаква потврда, откако во февруари беше објавен патент на компанијата за ваков уред.

Засега од Microsoft нема најава за презентацијата, ниту за уредот, но Мери Џо Фоли од ZDNet вообичаено не греши кога се во прашање Microsoft и нејзините извори поврзани со компанијата. Microsoft на настанот во октомври најверојатно ќе претстави и куп компјутери заедно со партнерите, но нема најава за надградби на Atom верзијата на Surface 3 или на паметната лента Microsoft Band 2.

Вообичаено на есенските презентации компанијта најавува нов хардвер и споделува дел од статистиките за оперативниот систем. Минатиот октомври беа презентирани: Surface Book, Surface Pro 4, Band 2.0 и Lumia 950/950 XL.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии