Microsoft најмува лобисти

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Иаку сеуште не се знае што навистина ќе се случи, во текст објавен денеска на Time.com беше истакнато дека Стив Балмер и Microsoft почнале со најмување на лобисти кои како задача ќе имаат да ги убедат регулаторните тела во давање на зелено светло на евентуалната зделка, односно купувањето на Yahoo! од страна на Microsoft.

Првата најмена компанија која ќе лобира за Microsoft е Bryan Cave Strategies LLC која ќе се концентрира на федералната влада и највисоките регулаторни тела кои можат значајно да влијаат врз мулти-милијардерската зделка.

Bryan Cave Strategies ќе биде претставувана од извршниот директор Бродерик Џонсон кој има искуство во Вашингтон од над 15 години и има добри врски со демократските претставници во американскиот сенат и конгрес.

Вториот лобист е Валдо Мекмилан, кој има работено за сенаторот Хари Рид (Невада) од 2004 до 2007 и исто така официјално е регистриран да лобира за Microsoft.

Додека Microsoft најмува лобисти, Google се концентрира на консултанти како контроверзниот Френк Куатрон – инвестициски банкар и има посредувано во развојот на ИТ компании како Netscape, Cisco и Amazon.com. Куатрон ќе служи како личен консултант на извршниот директор на Google, а покрај него компанијата има најмено и двајца демократски лобисти од компанијата Franklin Square Group LLC за да помогнат преку лобирање за "проблеми со конкуренцијата во ИТ индустријата".

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии