Microsoft најавува редизајн на Office

Дејан Соколоски

во Веб

Image courtesy of Office

По навистина долго време, Microsoft најави дека ќе направи прoмeна во Office пакетите. Засега промените ќе пристигнат на онлајн пакетите на Office.com и Office 365.

Дел од најавените промени се козметички, но дел ќе бидат добредојдени за сите. Онлајн верзиите на пакетот се надградени и сега се побрзи од било кога.

Она што полесно се забележува е поедноставното мени кое Microsoft го нарекува „ribbon“. Тука има генерално козметички промени, но и промени кои го забрзуваат. Засега промените доаѓаа на онлајн верзиите, но веројатно е дека ќе бидат достапни и на декстоп верзијата во иднина.

Промени доаѓаат и во Outlook, но нешто подоцна. Microsoft најави дека тестовите ќе започнат во јули. Досега новиот рибон е достапен на Word, Excel и PowerPoint.

Заедно со оваа објава компанијата сподели и бројки, според кои онлајн алатките од Office пакетите имаат половина милијарда корисници.