Microsoft најави AI Editor и други новини за Word, PowerPoint и Outlook

Новата надградба на Office пакетот од Microsoft ќе доаѓа со повеќе надградби кои треба да им го олеснат „животот“ на корисниците.

За дел од корисниците на Microsoft Word добредојдена ќе биде новата функција Editor, која додава белешки за текстот. Целта е апликацијата на корисникот да му помогне со уредувањето на текстот, исто како што ова би го направил човек уредник. Зад Editor е вештачка интелигенција која го анализира текстот и му помага на корисникот да пишува подобро. Дел од советите се однесуваат и на скусувањето на текстот, па долгите фрази ќе бидат заменети со покуси или ако е можно со единствен збор. Editor ќе овозможува и сугестија на зборови кога некој збор е често користен за  да нема повторување во текстот.

Дополнително Word отсега ќе доаѓа и со Researcher кој овозможува преварување по веродостојни извори и содржини, и се чини дека оваа алатка е пред се насочена кон новинарите кои како текст едитор користат Word. Зад алатката е Bing Knowledge Graph кој собира соодветна содржина.

Focus е нова функционалност која доаѓа на Outlook и е паметна услуга која учи и се прилагодува на навиките на корисникот. Функцијата се однесува на делење имејл пораките од поважните имејл адреси од оние помалку важните, и креирање на специјален фолдер каде се сместени „фокусираните“ пораки. Засега оваа функција е достапна на Android и на iOS.

За дел од корисниците на PowerPoint, кои како дел од презентациите имаат и поставувањата на прашања, Zoom е промена која навистина е добредојдена. Функцијата овозможува брзо менување од една на друга тема, и враќање на првиот слајд на некоја од темите. За корисниците кои имаат прашања и одговори на крајот од апликациите,  новата функција ќе овозможи брза навигација по слајдовите.

Editor ќе виде достапен од следниот месец, а останатите функции им се веќе достапни на Office корисниците кои се дел од Insider програмата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии