Мicrosoft му се скара на Apple зa терминот „аpp store"

„Како ‘продавница за кондури’ или ‘продавница за играчки’, тоа е генерички термин што се општо користи од компаниите, владите и индивидуалци кои нудат апликации. Терминот ‘app store’ треба да продолжи да биде слободен за користење од сите без страв на одмазда од Apple.”, вели Расел Пангборн, советник во Microsoft, компанија која и самата го заштити терминот „Windows”.

Аpple уште пред две години поднесе барање до американската патент и трејдмарк агенција, со цела да се задржи бренд моментот со името.

Аpple вели дека кога се споменува App Store, кога се работи за мобилни апликации, тогаш се мисли на нивните продавници бидејќи „предоминантното користење на изразот ‘app store’ во медиумите е референца за познататаа Apple продавница за апликаии“ што можеби е и точно бидејќи Microsoft го има својот App Marketplace, Google својот пазар на апликации го крсти Android Market, Nokia го има Ovi Store, RIM има свој Blackberry App World, а наскоро ќе се стартуваат уште неколку Android продавници, меѓу кои и таа на Amazon која го носи името Appstore .

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии