Word, Excel, PowerPoint за Android, и нов Outlook за iOS

По исклучителниот успех кој Office for iOS го доживува на iPhone и iPad, но и најавата за новиот Office пакет за Windows 10, Microsoft ја претстави најавената верзија на апликациите за Android.

Word for Android, Excel for Android и PowerPoint for Android се достапни за бесплатно преземање на Google Play, заедно со нив е достапна и јави One Note for Android. Компанијата на својот блог истакна дека ја продолжува својата заложба за „native“ имплементација за Intel чиповите. Корисниците, односно претплатниците на Office 365 можат да се најават со Office 365-профилот и ќе ја добијат премиум верзијата на апликацијата со која можат да креираат, едитираат или принтаат документи. Апликациите овозможува и пристап со Office 365 business.

Заедно со Android Office апликациите Microsoft го објави Outlook за iOS и „прв поглед“ верзија на Outlook за Android. Станува збор за своевидно ребрендирање на Acompli коja сега доаѓа под Outlook брендот. За сега компанијата не најавува големи промени во апликација, што не е изненадување со оглед на тоа дека апликацијата е одлично прифатена од корисниците. Најавите се дека апликацијата ќе биде надградувана секоја недела.

[youtube]k8rOSiDvHVM[youtube]

[youtube]9cBfywn_CnU[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии