Microsoft може повторно да биде казнет во Европа: Windows 10 исклучува антивируси

Microsoft наскоро би можел да се врати пред Европската комисија за заштита од монопол. Компанијата призна дека најновиот оперативен систем Windows 10 може да го исклучи анитивирусот од трети производители. Според компанијата, оперативниот систем го прави ова кога има проблем со компатибилноста.

Kaspersky веќе го тужи Microsoft во Европа и Русија, јави Register.

Проблемот настанува кога оперативниот ситем кој е инсталиран ќе истече. Windows Defender се вклучува и ќе го сканира системот дури и кога нема дозвола од операторот, вели, Роб Лефертс од Microsoft.

„Бидејќи антивирус софтверот може да биде подлабоко интегриран во оператиниот систем направивме дополнителни напори за производителите на антивирус софтверот да бидат компатибилни со надградбите. До излегувањето на Windows 10 Creators Update на 11 април, речиси сите антивирус апликации беа потполно компатибилни. Тимот за компатибилност на Microsoft вели дека фури 95% од Windows 10 компјутерите со антивирус, се со компатибилни антивируси.

За мал број апликации потребна е надградба. Ја додадовме функционалноста за антивируси која ќе го извести корисникот дека треба да инсталира нова верзија на антивирусот. За ова мораме привремено да исклучиме некои од антивирусите пред да започне надградбата. Ова го направивме во соработка со нашите партнери, производители“, објаснува Microsoft.

Сепак Kaspersky не е убеден во добрите намери на компанијата. Производителот се сомнева дека Microsoft оваа пракса е повторување на Internet Explorer ерата. Тогаш Microsoft го интегрираше прелистувачот во оперативниот систем и со тоа беше во поповолна положба на пазарот.

1 коментар на “Microsoft може повторно да биде казнет во Европа: Windows 10 исклучува антивируси

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии