Microsoft конечно попушти! Го сподели изворниот код на MS-DOS 2.0 и Word 1.1

Microsoft за прв пат го сподели изворниот код на MS-DOS и Word. Станува збор за MS-DOS 2.0 и Word 1.1 верзиите кои се споделени со јавноста во Музејот за компјутерска историја во Калифорнија. Кога беа објавени, оперативниот систем, во 1982-ра година, и текст-едиторот во 1990-та, значително ја зголемија популарноста на домашните компјутери и се дел од најраниот софтвер од Microsoft.

Microsoft го изработи MS-DOS на барање на IBM во 1981 година на кои им беше потребен оперативен систем кој ќе се користи на домашните десктоп компјутери. Првата верзија на оперативниот систем беше достапна во август 1981-ва под името PC-DOS. Првична целна група на Microsoft беа Intel 8086 процесорите кои доаѓаа со хардвер со флопи дискови. Верзијата MS-DOS 2.0 е првата која имаше поддршка за хард-диск од 10 МВ и „tree-structure filing system#, а оперативниот систем излезе истовремено со популарниот XT на IBM.

Word for Windows излезе во 1989 година и до 1993-та го замени WordPerfect како доминантен текст-едитор на десктоп компјутерите. Во следните четири години Word for Windows се користеше на над 90 отсто од комјутерите. Сепак најипресивно е што текст едиторот ова го овозможуваше на 8 MHz процесор, со 1 MB меморија и 20 МB простор. Благодарение на Computer History Museum овие исклучително важни изворни кодови ќе бидат зачувани и ќе им бидат достапни на сите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии