Microsoft конечно дигна раце од Internet Explorer

Oколу 340 милиони корисници користат застарена верзија на Internet Explorer, кој е прелистувач познат по своите безбедносни пропусти. Ова е всушнот 42,5 отсто од сите уреди кои го имаат прелистувачот, вели Computer World.

Но, сега конечно Microsoft конечно ја прекина поддршката за постарите верзии на IЕ. Поддршката останува единствено за Internet Explorer 11 и Edge, а последната закрпа ќе ги извести корисниците дека треба да го надградат прелистувачот. За корисниците кои од некоја причина баш запнале да користат стара верзија на Internet Explorer, ова ќе значи дека повеќе нема безбедносни закрпи, а нивиот компјутер е оставен отворен за напаѓачите. Сепак она што се лоши вести за корисниците, се добри вести за развивачите кои повеќе нема да мора да се грижат за претходните верзии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии