Microsoft ќе ви плати да го користите Edge

Ако сте размислувале да го тестирате новиот прелистувач на Microsoft, Edge, и моментално се наоѓате во САД – немало подобро време од сега. Компанијата најави дека ќе ги плаќа сите корисници кои ги користат Edge и Bing како „основен“ пребарувач, јави Guardian. За жал, засега оваа можност им е достапна единствено на корисниците од САД и очигледно се работи за бета тестирање.

Наградите се дел од ребрендираните „Microsoft Rewards“ со кој компанијата им плаќа на корисниците за користење на пребарувачот. Корисниците ќе можат да ги користат поените за да купуваат во Starbucks и Amazon, но и за премиум верзии на Skype и Outlook. Доколку корисниците мислат дека се итри и само го остават Edge отворен, Microsoft најде решение и на овој проблем. Всушност ќе се брои единствено времето кое корисникот го минува со курсорот во Edge. Истовремено и Bing мора да биде поставен како „основен“ пребарувач. Минималното потребно време поминато во користење на Edge е 30 часа во месецот.

За разлика од Internet Explorer, Edge e многу подобар, па за негово користење можат да размислат барем корисниците кога се на лаптоп. Тестот на PC World покажа дека Edge е најштедливиот прелистувач барем кога батеријата е во прашање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии