Microsoft ќе престави нова верзија на HoloLens на MWC 2019

По подолг период во развој Microsoft е подготвен да ја престави својата следна генерација очила за проширена реалност HoloLens 2. Кусото видео кое на својот YouTube канал го објави Алекс Кипман од одделот на Microsoft за проширена реалност не открива ништо, освен декa ќе може да видиме нешто ново. Со оглед на тоа дека најавата доаѓа од шефот на HoloLens дивизијата претпоставуваме дека најавата мора да е за следната генерација на очила за проширена реалност.

Дел од видеото се и куп чудни материјали, и букви и бројки. Ако го забавите видеото полесно ќе забележете дека покрај датата 02.24.19 пишува и Барселона. Ова секако соодветствува со Mobile World Congress кој токму во овој период се одржува во Барселона.  24 февруари е датата кога е прес конференција на Microsoft.

Засега останува нејасно што точно планира да претстави Microsoft. Компанијата веројатно ќе претстави сопствен уред, но тука се и партнерите како Lenovo и Samsung кои веќе преставија и свои верзии на HoloLens.

Со оглед на тоа дека од MWC нѐ делат неколку дена, нема да мораме премногу да чекаме да видиме што ќе ни претстави Microsoft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии