Microsoft и Kaspersky Lab се договорија, тужбата е повлечена

Дејан Соколоски

во Свет

Kaspersky ја повлече тужбата против Microsoft за злоупотреба на положбата. Оваа одлука пристигна откако Microsoft се согласи на развивачите на антивирус да им овозможи повеќе време за прилагодување пред надградбата на оперативниот систем.

Kaspersky имаше спор со Microsoft во неколку региони. Најпрво започаа во Русија, а потоа отворија спор и во Европската Унија и Германија. Компанијата се жали дека Microsoft го заштитува Windows Defender пред остантатиот софтвер за заштита, јави Venturebeat.

„Го променивме начинот на кој Windows сега ќе ги информира корисниците кога нивниот антивирус е истечен и не ги заштитува. Наместо toast-нотификација, новата нотификација ќе биде закотвена на средината на екранот и ќе остане таму се додека корисникот нe го надгради постоечкото решение или не се префрли на Windows Defender“, вели Роб Лефтер од Windows Enterprise and Security.

Дополнително, и компаниите ќе имаат повеќе време да го прилагодат својот антивирус за новите верзии на оперативниот систем. Microsoft нема да мора да го исклучува антивирусот по надградбата на Windows.

Microsoft веќе има искуство со слични тужби. Компаниајта беше обвинета за злоупотреба на положбата и со Internet Explorer. Во 2001 година одлуката против Microsoft беше поделба на компаниајта на оперативен систем и останат софтвер. Оваа одлука подоцна беше променета, а Microsoft беше казнет поблаго.

Можеби главна причина за брзата реакција на Microsoft е казнтата која ја доби Google во Европа. Пребарувачот е казнет  2.7 милијарди долари за злоупотреба на монопол.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии