Мicrosoft ќе почека до април за да го преземе мобилниот оддел на Nokia

Зделката од 5 милијарди долари помеѓу Microsoft и Nokia ќе биде одложена до април. Microsoft сигурно ќе преземе контрола врз одделот за телефони на Nokia, како што беше најавено во ланскиот септември, но ќе треба да почека на официјално одобрување на регулаторите во Индија и Кина. Властите во јужната индиска држава Тамил Наду велат дека Nokia им должи 400 милиони долари за данок на продажба бидејќи некои телефони произведени во Индија не биле извезени, туку биле продавани во земјата. Nokia изјави дека барањето е „апсурдно“. Кинеските власти, поточно Министерство за трговија бара од Microsoft и Nokia да ги намалат цените на лиценците за патенти кои покриваат широк спектар на функционалности на мобилните телефони. Иако Nokia ќе го задржи своето портфолио на патенти, Microsoft ќе има контрола врз производството на телфони, сепак и двете компании ќе мора да се договорат со кинеските власти пред да ја официјализираат својата соработка, пишува Guardian.

Microsoft во блог пост изјави дека зделката е одоборена од 15 регулатори, вклучувајќи ги САД и Европа, и сега се чека на „финалните пазари“ за да се „забрза планираната стратегија за прво за мобилен, прво за облак. Веруваме дека ќе ја забрзаме иновацијата и прифаќањето на Windows Phone и ќе ги доближиме новите милијарда корисници до услугите на Microsoft преку телефоните на Nokia“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии