Microsoft ќе им конкурира на Google Maps со слободните мапи на OpenStreetMap

Неодамна локацискиот сервис Foursquare наговести дека ќе ги замени мапитe на Google со тие на OpenStreetMap. Од поодамна и Apple започна да ги користи слободните мапи за своите продукти велејќи дека ќе им послужат додека да креираат свој локациски сервис.

Сега, на бројните компании кои го користат OpenStreetMap проектот се вклучува и Microsoft, кои, според PC World, вложија пари и ги донираат своите мапи на проектот. Оваа соработка не е баш нова вести, новина е дека Microsoft споделува свои податои со OpenstreetMap. Во 2010 година, Microsoft го најмија основачот на OpenStreetMap, Стив Кост, да работи на Bing Mobile и при тоа му оставија простор да продолжи да работи на софтвер со отворен код кој ќе дозволи програмерите да извлекуваат податоци од OpenStreetMap за свои апликации.

OpenStreetMap е проект чии мапи се уредуваат од самите корисници, налик на Wikipedia, но за локација. Благодарение на вниманието кое го добија од компаниите и oколу 500.000 регистрирани корисниците, овие мапи не се воопшто за потценување. Вака изгледа мапата на Скопје, изработена од македонски волонтери.

OpenStreetMap иако интересен проект, сепак не е многу популарен. Според comScore, во САД дури 71 отсто од интернет корисниците ги користат Google Maps. Но, тоа што е клучно сега е што се повеќе компании барат алтернативи на доминатните Google-ови мапи бидејќе не сакаат да плаќаат лиценци за користењето, пишува New York Times. Знаејќи го сето ова, се чини дека OpenStreetMap го има потенцијалoт, и уште поважно, поддршката од големите да прерасне во одлична конкуренција на Google Maps.

[youtube]lpXk5W6b298[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии