Microsoft ќе дозволи Android и iOS апликации да работат во Windows 10

Windows 10 станува од добар подобар, а се чини дека Microsoft под водството на Сатја Надела не може да направи погрешен чекор. Компанијата најави дека се откажува од емулацијата на Android и iOS апликациите и наместо ова ќе им овозможи на девелоперите да го „донесат“ веќе постоечкиот код на Windows 10.

Компанијата најави две нови платформи Project Islandwood и Project Astoria кои ќе им овозможат на девелоперите да ги портираат веќе постоечките кодови на Windows universal app.

Project Astoria овозможува користење на Java и C++ за портирање на Android апликациите. За почеток портирањето нема да биде само едноставно ре-компајлирање на апликациите, бидејќи Microsoft најави и веќе креираше замени за API кои ги издава Google кои девелоперите ќе треба да ги заменат во своите апликации. Дополнително, девелоперите ќе можат да ги надградат своите апликации со имплементација на Cortana, Xbox Live, Holograms, Live Tiles и останати проширувања кои ги овозможува новиот оперативен систем.

Project Islandwood е кодното име за проектот кое ќе го овозможи истото за iOS апликациите, само што овде девелоперите ќе можат да гопортираат својот постоечки Objective C код. Како и со API кои доаѓаат од Google, Microsoft веќе креира и ќе обезбеди замени за истите кои ќе треба да бидат заменети. Разликата е во тоа што за разлика од Project Astoria каде може да се користи било кој постар APK и девелоперите најчесто ќе треба единствено да ја објават апликацијата (доколку APK и API-то од Microsoft се компатиблини), iOS девелоперите ќе мора да ја рекомпајлираат својата апликација.

Една од првите апликации која доживеа свое портирање со помош на Project Islanwoos e Candy Crash Saga, а според девелоперите од King, студијото кое ја креира апликацијата за портирањето требале да изминат мал дел од кодот за целосно портирање на Windows Phone, пренесува Ars Technica.

„Сакаме да им овозможиме на девелоперите да го искористат веќе постоечкиот код и нивните постечки вештини за да започнат да ги префрлаат веќе постоечките апликации на Windows Store, но и да можат да ги прошират овие апликации.“, вели Тери Маерсон од Microsoft во интервју за Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии