Microsoft ја претстави својата надградба за… Notepad?

Дејан Соколоски

во feature, Софтвер

Microsoft на Insider верзијата претстави надградба која веројатно никој не ја очекувал. Notepad е веројатно наједноставниот едитор, но наскоро ќе има мала надградба.

Ова е вторпат последниве неколку месеци да биде надграден текст едиторот. Во октомвриската надградба на Windows веќе еднаш беше надграден Notepad, тогаш со поддршка за фајлови чии редови завршуваат како Unix, потсетува Ars Technica.

Овој пат нема спектакуларни измени, иако дел од промените кои се достапни денес требало да бидат достапни уште многу одамна. Пример, Notepad сега има подобра поддршка за Unicode, со тоа е максимизирана компатибилноста на софтверот.

Некои од надградбите, нема ни да ви се верува дека не се достапни. На пример, кратенки (shortcut) за нов прозорец, за зачувување на документот, или за затворање на активниот прозорец.

Секако за посериозни документи има далеку покорисни текст едитори. Дури и за основно уредување, едитори како Notepad++ се многу покорисни.