Microsoft ја претстави финалната верзија на Skype за Windows 10

Дејан Соколоски

во Вести

Skype за Windows 10 конечно е надвор од preview верзијата и официјално и е достапен на јавноста. Финалната верзија носи неколку промени, па отсега сите корисници ќе можат да користат групни видео разговори. Оваа верзија на Windows Insider корисниците им беше достапна од март. Сега конечно им е достапна на сите корисници, и Microsoft започнува со автоматските надградби.

Како и досега, корисниците на телефон, Windows десктоп, Mac, таблет или телефон ќе можат да разговараат или да си испраќаат текст пораки. За групни видео разговори лимитот е 24 корисници. Текст групите може да бидат составени од 300 корисници. И понатаму можат да си разменуваат и фајлови, а максималната големина е 300 МВ.

Лоша вест за корисниците на Windows 7, Windows 8  и 8.1 или уште постарите е дека новата верзија на Skype е достапна единствено на Windows 10 Anniversary верзијата на оперативниот систем.

Она што е забележително е дека во Windows Store сите илустрации на софтверот се во Windows Holographic. Дополнително оваа верзија на Skype е прилагодена и на очилата за проширена реалност на Microsoft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии