Мicrosoft ја купи популарната тастатура на SwiftKey за 250 милиони долари

Microsoft е новиот сопственик на британскиот стартап SwiftKey, автор на една од најпопуларните тастатури за паметни телефони и таблет компјутери. Апликацијата е користи на 300 милиони iOS и Android уреди што ја прави една од најпопуларните тастатури.

Но, иако SwiftKey е познат по тастатурата, Microsoft сепак е позаинтересиран за вештачката интелигенција која помага при предвидувањето на зборовите. „Технологијата за предвидување на зборови на SwiftKey е во согласност со напорите и амбицијата на Microsoft за создавање на интелигентни системи кои повеќе работат за корисникот“, вели Хари Шум од Microsoft, додавајќи дека и iOS и Android апликациите ќе останат во развој.

Цената која Microsoft ја плати во оваа аквизиција е 250 милиони долари. Ова е втора компанија која излегува од Универзитетот Оксворд која чини стотици милиони долари, по аквизицијата на DeepMind во Google за околу 580 милиони долари. Освен по тастатурата за паметни телефони, SwiftKey е познат и по софтверот кој го изработија за Стивен Хокинг.

1 коментар на “Мicrosoft ја купи популарната тастатура на SwiftKey за 250 милиони долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии