Microsoft итно ќе крпи критичен пропуст во IE

{mosimage}Microsoft оваа недела планира да испорача две итни закрпи кои треба да ги поправат критичните ранливости во прелистувачот Internet Explorer како и во пакетот Visual Studio. Овие ранливости овозможуваат извршување на злонамерен софтвер од страна на евентуалните нaпаѓачи. Нападите насочени кон ранливоста означена како MS09-032 веќе се случуваа од почетокот на овој месец. Корисниците кои ја инсталираа закрпата за оваа ранливост можат да се чувствуваат безбедни од ваквите напади, вели Microsoft.

Во блог постот објавен доцна во петокот, од компанијата дадоа малку детали околу ранливостите и за што точно се работи.

Закрпата за IE е означена како "критична", односно од наголема важност, според четворостепената скала на Microsoft. Закрпата за Visual Studio е рангирана еден степен пониско како "важна". И двете закрпи откако ќе бидат инсталирани ќе бараат рестартирање на компјутерот на корисникот.

{mosimage}

Минатата недела на Security Fix, блог на Washington Post, беше објавено дека Microsoft планира да испорача вонредни закрпи поврзани со MS09-032, кои Microsoft ги поправаше пред околу 10 дена. На блогот пишува дека се потребни дополнителни закрпи бидејќи со претходните е поправен само еден сегмент од ранливиот код кој овозможува на хакерите да влезат во компјутерите преку грешка на Internet Explorer 6 и 7. Инаку за оваа критична грешка Microsoft знаел уште во август 2008 година.

Microsoft вообичаено објавува закрпи на софтверот секој втор вторник во месецот, овојпат закажани на 11 август. Но, очигледно опасноста е сериозна, па го натера Microsoft да си ја наруши рутината и само по трет пат во 25 месеци да објави сигурносни итни закрпи порано од предвиденотот.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии