Microsoft го претстави својот преведувач кој изгледа како да е донесен од иднината. Преведувачот во реално време преведува од еден на друг јазик и тоа со боја на глас слична на говорникот. Во примерот на видеото преводот е направен од aнглиски на мандарински јазик, кој многумина познавачи го прогласуваат за еден од најтешките јазици.
[youtube]Nu-nlQqFCKg[/youtube]
„Ја намаливме грешката на препознањае зборови за 30 отсто во однос на претходните методи. Ова значи дека ако досега неточен беше еден од 4-5 збора, сега грешката е еден од 7-8 зборови.“
Иако препознавањето на говор е клучно во процесот, преводот тука само започнува. За превод од англиски на мандарински системот најпрво го преведува гласот во текст. Потоа ги преведува зборовите зо соодветните кинески и ги подредува зборовите на нивното вистинско место во Мандаринскиот. Конечно, софтверот зборува на мандарински јазик, но притоа го користи тонот и бојата на гласот на говорникот чии говор го преведува. За ова се што е потребно говорникот однапред да го „наполни“ софтверот со еден час од сопствениот говор.
Иако за точноста и квалитетот на преводот не може да сведочиме без познавање на мандарински јазик, реакцијата на публиката покажува дека e извонреден. Со ова Microsoft потестува дека нивниот R&D тим е сеуште еден од најдобрите иако малку ги подзабораваме.
Морам да признаам дека по патентот за холодек технологија кој го добија неодамна и медиумите го нарекоа Holodeck 0.5, ова технологија наликува на уште една Star Trek алатка „унверзалниот преведувач“. Иако системот е далеку од совршен и има уште доста работа на него, секако дека ова е чекор во вистинска насока за сите, освен можеби за преведувачите.







