Microsoft и Nokia објавија заедничка апликација

Communicator Mobile може да се симне бесплатно од Ovi Store и е aпликација наменета за бизнис луѓето овозможувајќи им да ја проверат достапноста на своите колеги и да комуницираат користејќи телефони, имејл, СМС пораки или инстант чет месинџер. Апликацијата е поврзана со Microsoft Office Communications Server со што се поврзува системот на една компанија со Nokia телефоните во реално време.

„Нашата алијанса со Nokia цели кон приближување на Microsoft Оffice искуството до милиони луѓе кои користат Nokia телефони ширум светот.“ вели Кирт Дебике, менаџер на Microsoft Office Communication групата.

Двете компании, кои влегоа во партнерство во август 2009, најавија дека до крајот на годината ќе објават телефони со Microsoft Оffice апликации.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии