Microsoft и Google ја вратија YouTube апликацијата за Windows Phone

Откако Google бараше Microsoft да ја отстрани својата YouTube апликацијата од Windows Phone маркетот, тимови од двете компании работеа заедно на подобрување на апликацијата и конечно истата е достапна во маркетот.

Што се однесува до апликацијата, таа нема претрпено промени во изгледот, но сега ги прикажува рекламите на видеата од кои корисниците заработуваат, што го прави Google дополнително среќен. Дополнително, за разлика од претходната апликација, сегашната поддржува прикачување на видеа. Видеата можете да ги снимате на вашиот телефон и директно да бидат прикачени на YouTube.

Друга промена во апликацијата е ограничувањето на големината на видеата кои се прикачуваат. Доколку корисникот е поврзан на 3G/4G, тој ќе може да прикачува само до 5 MB, додека за поголемите ќе биде потребно преку Wi-Fi. Како шлаг на тортата е тоа што видеата над 20 MB ќе може да се прикачуваат само преку Wi-Fi и телефонот да биде приклучен на напојување. Видеата над 100 MB нема да се прикачуваат. Сè уште не е познато зошто така размислувале од Microsoft и/или Google, но на многу корисници тие ограничувања не им се допаѓаат. Дали размислувале дека тоа може лошо да влијае на батеријата или нешто слично, не знаеме, но се надеваме дека во блиска иднина ќе добиеме образложение од двете компании.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии