Microsoft HoloLens е достапен за развивачите

Првите HoloLens очила со проширена реалност се достапни за девелоперите, најави Microsoft на својата Build конференција. На настанот компанијaта претстави нови можности на уредот, а дополнително беше претставен и развојот и напредокот на некои од постоечките апликации.

Една од најинтересните апликации за HoloLens e Destination: Mars, во која на корисниците кои можат да ја истражуваат црвената планета ќе им се придружат Баз Олдрин и Curiosity. Апликацијата е изработена во соработка со NASA, а Microsoft потсети дека HoloLens веќе се користи на дел од проектите во вселенската агенција.

Можност за презентирање на своите апликации имаат и партнерите на Microsoft, со кои компанијата соработува на HoloLens. I3D презентираше нова напредна можност за холо-комуникација, „holoportation“. Технологијата овозможува креирање на холограми на соговорниците, но и на дел од околината и нивна презентација кај другиот соговорник.

Сепак не е сѐ како што изгледа, па британскиот медиум BBC, кој имаше можност да биде присутен на Build и да го проба HoloLens, вели дека developer верзијата има мало видно поле, што значително се разликува од она што можеме да го видиме на промотивните видеа. Сепак Microsoft ги убедува сите дека комерцијалната верзија на HoloLens ќе доаѓа со пошироко видно поле.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии