Microsoft гради податочни центри под море

Податочни центри под морето? Звучи како невозможна мисија, но развојниот тим на Microsoft верува дека тоа е решение за иднината. Компанијата веќе започна со тестови и има изработено прототип на подводен центар. Прототипот функционира на повеќе од триесетина метри под вода што овозможува поедноставно ладење, што е најверојатно еден од најголемите проблеми на овие центри кои процесираат огромни количества информации 24/7. Ладењето е главната причина зошто повеќето податочни центри се лоцирани во северните земји.

„Кога ќе го извадите вашиот паметен телефон, мислите дека имате волшебен микро-компјутер, но вие всушност користите 100 компјутери во облакот. Ако ова го помножите со милијарда корисници добивате навистина огромна пресметковна моќ“, вели Питер Ли од Microsoft.

Засега се завршени единствено тестовите на капсулата и хардверот. Челична капсула со дијаметар околу 2,5 метри издржа 105 дена на 10 метри под вода во Тихиот Океан на калифорнискиот брег. Microsoft вели дека тестовите поминале подобро отколку што се надевале. Поради ова одржани се и тестови за Azure cloud, но засега нема информации за овие тестови, вели New York Times.

За разлика од поларните податочни центри кои можат да се справат со температурите, Microsoft предвидува впарување на центрите со електрани или генератори кои ќе ја користат енергијата на брановите за напојување. Приближувањето на овие податочни центри до корисниците ќе ги забрза и сервисите кои го користат облакот. „Со години главните провајдери на облак услуги бараат локации на кои не само ќе имаат пристап до зелен енергија туку и ќе можат да ја искористат околината,“ вели Лери Смар од Институтот за телекомуникации и информациски технологии при Универзитетот во Сан Диего. Токму облак сервисите се главни искористувачи на податочните центри.

Natick_out-of-water

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии