Microsoft го засилува гејминг студиото, компанијата купи 4 развивачи за новиот оддел The Initiative

Microsoft пронајде начин да го реши проблемот со недостаток на примамливи наслови за Xbox. Компанијата ја искористи својата Е3 конференција за да објави дека постигнале договор со Ninja Theory, Playground Games, Undead Labs и Compulsion Games. Овие компании сега се дел од Microsoft. Веста за овие компании доаѓа само 10 дена откако компанијата објави дека го купи Github.

Playground Games e британска компанија, девелопер на Forza серијата. Компанијата и досега соработуваше со Microsoft, а дел од оваа соработка е Fable Legends. Ninja Theory е уште една британска компанија која со Hellblade ја имаше најдобрата видеоигра за PC минатата година. Compulsion Games се помало канадско студио. Сепак нивната игра Contrast е супер забавна. Во моментов работат на својата нова игра We Happy Few. Љубителите на State of Decay франшизата најверојатно веќе ја препознаа Undead Labs. Креаторите на оваа игра Undead Labs всушност се компанија која е најблиску до Microsoft. Седиштето на студиото е во Сиетл. Новите компании ќе бидат под Microsoft Studios во нов оддел The Initiative.

Компаниите им се приклучуваат на креаторите на Halo, 343 Industries и тимот на Minecraft.

Она што најмногу ќе ги интересира фановите е што Microsoft планира да направи со овие компании. Дали компанијата размислува можеби на развој на игри кои ќе бидат ексклузивно достапни за Xbox? Или можеби само сака да го прошири портфолиото на игри кои ќе бидат достапни на конзолата.

Како издавач на видеоигри Microsoft никогаш не бил гигант, но имаа неколку навистина одлични игри. Секако љубителите на летачки симулации се сеќаваат на Microsoft Flight Simulator или фановите на стратегии на Age of Empires.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии