Microsoft го стартува OneDrive со можност да добиете уште 8 гигабајти бесплатен простор

Откако беше принуден да го смени името на своето веб сладиште поради конфликт со британскиот BSkyB, Microsoft денес и официјално го претстави ребрендираниот OneDrive. Главната промена е секако името, што значи дека сите досегашни корисници на SkyDrive едноставно ќе бидат префрлени на другиот домен, oдносно ќе има тивка надоградба на мобилните апликации.

Но, за да не биде џабе ребрендирањето Microsoft ќе ги награди своите корисници. Со OneDrive корисниците сега ќе можат да ги заработат бесплатните GB простор на сличен начин како што тоа го прави Dropbox, oдносно ако поканите пријател да користи OneDrive ќе добиете дополнителни 500 MB, до максимум 5 GB за поканети 10 пријатели. Ако пак, вклучите автоматско закачување на фотографии преку мобилната апликација за WP, iOS и Android ќе може да добиете уште 3 GB. Ова се вкупно 8 гигабајти што може да ги додадете на 7-те гигабајти кои ги имате бесплатно од почеток. За повеќе се плаќа.

[youtube]bw1ciTl5YK4[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии