Microsoft го презентира Teams, конкурентот на Slack

Image Courtesy of Microsoft Teams

Microsoft ја презентираше платформата Teams, која како и Slack  овозможива разговори и споделување на документи помеѓу соработниците и служи како алатка за подобра комуникација на проекти. Веста за Teams се појави на почетокот на септември, но оттогаш го изгубија „Skype“ од името.

image-1248

Функционалноста на Teams е скоро идентична со онаа на Slack. Платформата е наменета за компании и ќе овозможува разговор помеѓу различи групи во компанијата. Корисниците ќе можат да изберат и да зборуваат и да споделуваат податоци со тимовите, но и да испраќаат директна порака до некој корисник. Ова е исто со Slack, но Teams ќе се обиде да додаде и функционалности кои ги нема во Slack. Една ваква функционалност е коментар на порака. Slack нема можност за ова, и тоа е голем недостаток. Во Teams корисниците ќе можат да селектираат порака и да одговорат на неа, слично како коментарите на Facebook.

Најголема предност на платформата е интеграцијата на речиси целиот софтвер на Microsoft. Word, Excel, PowerPoint, OneNote и Skype доаѓаат со интеграција. Ова секако не може да биде изненадување и Microsoft ќе се обиде да ја искористи популарноста на своите сервиси да го помине Slack.

За успех на Teams сепак ќе биде неопходнa добра интеграција со сервисите кои не доаѓаат од Microsoft. Компанијта издаде API кое ќе овозможи проширување на Teams. Првата презентација за како ќе биде овозможена интеграција со софтвер кој не доаѓа од Microsoft беше можноста за споделување на пуш-нотификации од Twitter, јави Verge.

Како што беше првично најавено платформата најпрво ќе им биде достапна на корисниците на Office365. Teams e достапен на 18 јазици во 181 држава, но за сите платоформата ќе биде достапна во 2017. Teams ќе биде достапен како дел од Office 365 пакетот Business Premium и Business Essentials, кои имаат почетни цени од околу 12 US долари по корисник на месечно ниво.

Лансирањето на Teams не помина без интерес од Slack. Креаторите на платформата објавија платен оглас на цела страница во New York Times, огласот потсетува доста на потегот на Apple кога им посака добредојде на IBM во светот на персоналните компјутери 1981 година. Компанијата го објави истиот текст и на својот блог. Во текстот компаниајта ги уверува корисниците дека ќе останат на пазарот без разлика на конкуренцијата.

„Најважното не се функционалностите. Нема да креирате нешто што луѓето го сакаат само со копирање на Slack. Револуцијата која донесе милиони корисници до Slack е многу подлабока.

Креирањето на продукт кој овозможува надградба на начинот на кој корисниците комуницираат бара внимание и изработка која не е честа кај компанискиот софтвер. Колку повеќе им излегувате во пресрет на компаниите за да можат навистина да имаат придобивки од напредокот е поважно од индивидуалните карактеристики на софтверот кој го копирате.“

Загриженоста на Slack можеби е оправдана со оглед на тоа дека 85 милиони корисници на Office365 веќе ја користат нивната платформа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии