Microsoft го претстави Xbox One за да ви понуди се – гејминг, телевизија, музика…

На новиот Xbox ONE ќе може да играте, да гледате телевизија, да изнајмувате филмови или да слушате музика, откри Microsoft на презентацијата за новата конзола. Xbox ONE доаѓа со 8-јадрен CPU/GPU процесор изработен од AMD во соработка со MIcrosoft. Меморијата и капацитетот на следната генерација се значително проширени, па довчерашниот „Durango“ доаѓа со 8 GB RAM и 500 GB хард-диск. Транзицијата од гејминг до гледање на телевизија ќе биде речиси незабележителна вели Microsoft.

Конзолата доаѓа и со интегриран Skype, а проблемот кој конзолата го имаше со пребарување или одбирање на содржина е решен со гласовни команди. Па корисниците гласовно ќе можат да побараат да изгледаат некоја епизода од серијата Game of Thrones или да ја разгледаат програмата на HBО.

Новиот контролер изгледа одлично со подобрен ергономски дизајн и подобрена прецизност и контрола додека играте. Контролерот работи во комбинација со новиот Kinect 2.0 и заедно би требало да пружат навистина забавно искуство. Според најавата Kinect 2.0 ќе ги отчитува и отчукувањето на срцето па кога корисниците ќе вежбаат апликациите ќе можат да понудат совет според состојбата на корисникот.

[youtube]TP_E6Bn6fWM[/youtube]

За жал, новата конзола се повеќе е центар за забава, а се помалку е центар за гејминг. Па иако новата конзола е најавено дека има најмногу оргинални игри во фаза на развој, споменатите наслови ни се веќе добро познати. Forza Motorsport 5, Call of Duty:Ghost, FIFA 14, NFL 25, NBA LIVE 14 се навистина омилени кај играчите, но тешко дека ќе донесат возбуда или свежина која е потребна за ваков производ.

Лошата вест е дека и играњето на позајмени игри ќе биде поскапо. Па ако некој веќе бил сопственик на играта, за да ја изиграте и вие ќе треба да платите „pre-owned fee“. Ако се надевате дека оваа цена сепак ќе биде пониска од цената на играта за жал не е така, според извори на Computer and Video Games играта ќе го чини вториот сопственик исто колку и првиот! За среќа Always-On нема да биде имплементиран на оваа конзола, но сепак активирањето на игрите ќе бара интернет конекција.

И покрај тоа што најголем дел од прегледите се позитивни, Microsoft не успеа да ја импресионира својата најверна публика, па порталот Kotaku излегува со остра критика кон конзолата. Критиките се пред се поради задолжителното користење на Kinect, блокирање на игрите кој сакате да им ги позајмите на пријателите, задолжително конектирање, и неможност за играње на Xbox 360 насловите. Покрај ова најголем дел од придобивките се ексклузивни за САД, интеграцијата со TV е непостоечка за корисниците надвор од САД, а и гласовните команди се неподржани надвор од локациите и подржаните јазици. Овие ставови се пренесоа на најголем дел од друтшвените мрежи и форуми, па оваа ситуација се пренесе и на берзата, наместо очекуван раст, акциите на Microsoft и AMD ја задржаа цената, а акциите на Sony пораснаа 9 отсто.

5 коментари на “Microsoft го претстави Xbox One за да ви понуди се – гејминг, телевизија, музика…

  1. Да се тоа е убаво и фино со " следна генерација на технологии ", арно ама кога правиме муабет за гејмерска конзола каква што треба да биде икс боксов , треба да се фокусира на игри . Она со гледанје тв сурфање скајп може да се прави на било кој смарт тв за тоа не е потребна конзола . Сепак ова е само прв впечаток , скоро на е3 ќе има уште едно представување ваљда ќе се покажат во подобро светло.

  2. За мене овде стартува следната генерација на технологии која терба да ги обележи следните 20 години, а тоа е технологијата да навлезе во нашите домови, да имеме конктрола на секој уред во било кое време и да сме едно со нашиот дом и работно место. Во овој случај ова е уред на кои можете да играте игри, да гледате телевијза и филмови, да имате видео разговор, да пребарувате по интеренет било што, со говор и гестикулации. Јас не сум изненадедн од овој чекор на Microsoft, во иднина очекувам уште поголема интеграција со следната генерација на Microsoft Office, HealthVault, уреди за домакинство и.т.н. мислам дека Microsoft се на прав пат да ја остварат оваа визија.

    1. Добар коментар. Интернет на нештата е само неколку години во развој, но уредите стануваат доволно моќни и поврзани за се живо.

  3. Не само што им е катастрофа тоа што имплементираат телевизија ,или со други зборови пробуваат да си го мерат кај што не можат , они викаат вака : ако купи некој игра и после сака да ја даде на другар да ја поигра , не може , ќе мора и другар ти да плати за да може да игра . Ако мислат дека вака ќе добијат предност пред сони бујрум нека пробаат , луѓе сакаат бесплатни содржини не да им се наплаќа за исто 3 пати .

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии