Microsoft го претстави својот прв паметен термостат

Image courtesy of Microsoft / YouTube

Microsoft  го претстави својот прв паметен термостат. GLAS е изработен во соработка со Johnson Controls, кој со оглед на тоа дека е креатор и на првиот електричен термостат има значитело искуство во оваа гранка.

Ова е еден од првите уреди кои доаѓаат со Windows 10 IoT Core оперативен систем. Ова секако подразбира дека уредот доаѓа со Cortana за гласовни услуги и Microsoft Azure како поддршка од облакот.

Како и конкурентните паметни термостати од Nest или Ecobee, и GLAS доаѓа со куп паметни функционалности. Така уредот може да предвиди каква треба да биде температурата во собата во споредба со надворешната температура или да го исклучи греењето кога никој не е во собата.

Иако понов и ги има истите функционалности, GLAS не е ни приближно кул како термостатот на Nest. Главната причина е дизајнот на уредот кој наликува на полу-проѕирен таблет закачен на ѕид.

Засега нема податоци за официјално излегување како и за цената на уредот. Microsoft сепак најавува дека наскоро ќе пристигнат повеќе паметни уреди, фрижидери, тостери и куп други уреди ќе доаѓаат со Cortana, јави Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии