Microsoft го претстави новиот Outlook

Дејан Соколоски

во Вести

Откако го претстави од поодамна, поточно од пред речиси една година, Microsoft конечно и објави кога излегува редизајнот на Outlook. Надградбите на Outlook започнуваат за неколку дена, со ова и официјално ќе биде достапен поедноставниот дизајн на платформата.

За сите кои се навикнати на сегашниот изглед или пак им е и повеќе од доволен за работа, ќе можат да го користат и понатаму. Поточно Microsoft ќе овозможи едноставна промена помеѓу едниот и другиот дизајн, со притискање на копче.

Како и неодамна со Skype, така и сега со Outlook, промените се направени за поедноставен интерфејс и користење на платформата. На прв поглед нема некоја нова функционалност, но дел од работите се преместени, па сега e поедноставно да се пронајдат.

Слични промени доаѓаат и за десктоп и за мобилната верзија. Дополнително, корисникот може да си креира верзија за своите потреби. Така може да додава и да отстранува работи од „рибонот“ што овозможува некаква персонализација на софтверот.

Промените први ќе ги забележат учесниците од Office Insider програмата. А потоа ќе излезат и за останатите корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии