Microsoft го претстави „брзиот, течниот и совршениот на допир“ Internet Explorer 11

Microsoft заедно со Windows 8.1 го претстави и Internet Explorer 11. Прелистувачот е направен првенствено за работа со екраните на допир. Кога е станува збор за команди со допир, прелистувачот доаѓа со низа предности во однос на претходниците. Процесирањето на зум, вртење, поминување преку екранот и слични гестикулации, ќе ги прави графичкиот процесор. Ова не само што ќе го забрза отворањето на страни бидеjќи процесорот ќе продолжи да ја отвора страната туку ќе го зголеми траењето на батеријата. Покрај ова Microsoft нуди подобра сугестија на страните кои сте ги посетиле, па дури и резултати за временските услови или резултати од берзата.

„Брз, течен и совршен за допир, IE 11 ја продолжува нашата визија за обезбедување на најдоброто веб искуство на сите Windows уреди“, вели Microsoft во своето соопштение.

Синхронизација помеѓу сите Windows уреди е еден од деловите во кои Microsoft најмногу инвестира последниов период. Internet Explorer 11 нема да биде исклучок и нуди можност за синхронизација на отворените табови помеѓу Windows Phone, десктоп и таблет компјутери преку SkyDrive. Не е за занемарување и поддршката на најновите веб стандарди, поддршка за хадверска-3Д-акцелерација, интегрирана HTML5 видео поддршка. „F12 developer tools“ ќе овозможуваат решавање на проблеми со прикажувањето на веб страните, креирање на постабилни веб страни и побрзо отворање на страните.

Доколку се пријавите за тестери Internet Explorer 11 е достапен заедно со Windows 8.1 за разглeдување во Windows Store.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии