Microsoft го престави Office 2016, ќе пристигне оваа година

Дејан Соколоски

во Општо

На презентацијата на Windows 10 во Рeдмонд, Microsoft ја најави и следната верзија на пакетот Office. Нoвата верзија доаѓа под името Office 2016, но ќе биде достапна во втората половина на 2015 година.

За сега нема премногу податоци за софтверскиот пакет, но од компанијата најавуваат дека како и досега Office ќе биде наједноставен за користење на традиционалниот начин – со глувче и тастатура. Office for Windows 10 пак е верзија на пакетот наменета за корисниците кои ќе ги користат Word, Excel, PowerPoint и Outlook на таблет компјутер или паметен телефон. Акцентот на софтверот е на интеракција преку екраните на допир. Office for Windows 10 ќе доаѓа преинсталиран на таблет компјутерите и телефоните кои доаѓаат со Windows 10, а ќе биде достапен и преку Windows Store. Повеќе податоци за Microsoft Office 2016 компанијата најави за следните месеци.

[youtube]S5pZ5m1CNcw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии