Microsoft го отвори кодот на виртуелниот свет за тестирање

Microsoft го отвори виртуелниот свет во отворена бета верзија. Компанијaта се надева дека сите кои работат на вештачка интелигенција во виртуелниот свет ќе имаат безбедна тест околина. Светот е прилагоден за тестирање автономни возила или дронови.

Софтверот рекреира појави од светот. Сенки, одблесоци и слични појави кои можат да ја збунат вештачката интелигенција, се дел од кодот споделен на GitHub. Освен безбедноста, виртуелнaта реалност е одличен простор за тестирање на вештачката интелигенција, бидејќи тука не се потребни специјални дозволи. Голема предност на симулираните тестови е што се и многу поевтини, а може и да се забрзаат или да се симулираат различни услови. Кога станува збор за тестирање на автономни летала или возила, не може да се занемари и цената на евентуалните незгоди. Секоја незгода во виртуелниот свет е речиси бесплатна.

„Целта е да креираме (тренираме) системи кои можат да оперираат во реалноста.“, вели Апиш Капут од Microsoft кој е лидер на проектот.

Симулациите и овозможуваат на вештачката интелигенција да „учи“ и да стане подобра. Секако за ова да биде релевантно, условите во симулацијата мора да соодветствуваат на уловите во реалноста. Microsoft тврди дека виртуелниот свет е верна копија на реалноста. Благодарение на напредокот во графичкото процесирање, сенките, одблесокот и маглата се дел од светот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии