Microsoft го ослободи .Net и понуди бесплатен Visual Studio

Microsoft продолжува со изненадувањата. Сега компанијата овозможи употреба на .NET и Visual Studio за развој на софтвер и на Linux, Mac OS X, iOS и Android. Дополнително компанијата најави дека .NET Core stack ќе биде со отворен код од ASP.NET, па се до Core Runtime and Framework. Заедно со оваа најава дојде и најавата за нова верзија на Visual Studio 2013 која е целосно бесплатна за независни развивачи, студенти, мали компании и на сите останати кои не креираат бизнис апликации.

„Со овие изданија отвораме широк пристап до водечката платформа и алатки за развој за секој програмер кој креира апликации за денешниот mobile-first, cloud-first свет. Без разлика дали сте стартап, студент, хобист, слободен софтвер развивач или комерцијален развивач, и без разлика за која платформа креирате, Visual Studio, Visual Studio Online, .NET и Azure ќе ви помогнат да бидете успешни“.

Неодамна Microsoft објави дека Office за мобилната платформа е бесплатен за корисниците и ја намали цената на SkyDrive овозможувајќи неограничен простор за складирање на сите податоци. Компанијата уште во времето на Стив Балмер најавуваше поdдршка за девелоперите, а без сомневање добар дел од читателите се сеќаваат на презентацијата „Developers, developers, developers…“ на г.Балмер. Сепак до сега ова е најконкретен чекор на Microsoft за вистинска поддршка на развивачите.

Потегот на Microsoft го подржа и Linux Foundation. Директорoт на фондацијата, Џим Землин, напиша дека „не се сложуваме со се што прави Microsoft и најголем дел од нашите проекти со изворен код се конкуренти со проектите на Microsoft. Сепак тоа што го гледаме денес секако е поинаков пристап кога е во прашање слободниот софтвер. Учеството на компанијата во овие напори го потврдува фактот дека ништо не е повеќе променето последниве декаде отколку начинот на кој софтверот се креира. Денес најголемиот дел од софтверот се креира со соработка. Токму затоа и постои слободниот софтвер, да ја забрза технологија, токму ова е причината зошто конкуренцијата е ваква денес, а технологија напредува побрзо од било кога“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии