Microsoft го објавија финалниот IE 9, само за Windows 7 и Vista

Microsoft вели дека пуштањето на IE 9 во бета верзија во септември, го симнале 36 милиони корисници. Иако IE бележеше континуиран пад во борбата со другите прелистувачи, се уште држи 56 отсто од глобалниот пазар, додека неговите конкуренти се уште не можат да го стигнат со 22% Firefox, 11% Chrome и Safari 6%. Интересен е потегот на Microsoft овој прелистувач да им биде достапен само на оние кои имаат оперативен систем понов од Windows XP, односно само за корисниците на Windows Vista и 7. Во моментов околу 40% од глобалниот пазар корисни Windows XP, година и пол по претставувањето на Windows 7. Конкурентните прелистувачи своите новини ги прават компатибилни со XP, па овој потег можеби и нема многу позитивно да му се исплати на Microsoft.

Оние кои го симнаа IE 9 бета имаа можност да ја видат промената во интерфејсот. Microsoft ја прати тенденцијата на конкурентните прелистувачи и го минимизира дизајнот. Она што е значително различно е местоположбата на табовите кои се наоѓаат во иста линија со „One box“ како што го нарекуваат Microsoft барот за адреси и пребарување во едно. Во менито постои да ја смените оваа опција и да ви бидат табовите во различен ред, но тоа нема да да биде како сте навикнати со другите прелистувачи најгоре, туку во тој случај табовите ќе се сместат во ред под „One box“. Во IE 9 ја имате и онаа можност од Chrome да извлечете таб и да го ставите во посебен прозорец.

Кога се наоѓаат табовите во ист ред со „One box“, за оние кои отвараат многу табови наеднаш, може да е проблем збиеноста, затоа што станува помалку непрегледно. Многу корисници веќе упатуваат негативни критики кон Microsoft за оваа промена. Исто така, интересно е и што нотификациите се вратени доле и се појавуваат на дното на страницата која ја прегледувате. Тие не го блокираат вашето сурфање и вие можете да продолжите без да им обрнувате внимание, што може да ве донесе во опасност од некоја злонамерна страна или слично.

Најјаката страна на новиот прелистувач се додатоците и можностите кои ги нуди. Пинувањето на страниците како дел од интеграцијата на IE 9 со Windows 7 е интересен начин да ги запаметите. Се што треба да направите е да ја влечете страницата до таскбарот на Windows 7. IE има „sandboxing“ (одделувањето на процесите во посебна околина) кое спречува ако еден таб падне да паднат и другите уште од IE 8, а во новата верзија ја подобрува оваа функција.

Како и Firefox 4 и IE 9 ја има опцијата „не следи“. Со оваа опција можете да ставите страни на „црна листа“ кои не сакате да ја пратат вашата онлајн активност, но и IE 9 ќе го прави тоа за вас. Исто така, има и степени на толеранција кои можете мануелно да ги нагодите (колкава да биде толеранцијата на филтерот пред да ја блокира страницата). Новиот ActiveX филтер ви овозможува да ги блокирате сите ActiveX содржини, па да ги дозволувате страница по страница според вашата доверба.

Исто така, забележителен е напорот на Microsoft кој го прави во поглед на стандардизацијата, која како што ни е познато не ја почитауваше многу во текот на годините. IE 9 се приближува и до новите технологии како HTML5, од која вклучи веќе дел, и има подобра поддршка од предходните верзии за DOM, CSS3, и ECMAScript5.

Една од работите со која Microsoft посебно се гордеат е хардверски забрзаната графика, која користи моќ од графичката картичка за подобро и побрзо да прикажува одредени страни и анимации. Демонстрација на истата можете да ја видите во видеото подолу, каде IE 9 е спореден со Firefox и Chrome на таа основа.


Get Microsoft Silverlight


Microsoft се труди да ги стигне своите конкуренти, но и со последните напори кои се гледа дека ги направиле за да го модернизираат најновиот прелистувач, сепак едвај чекорат блиску до нив. Иако се уште држат повеќе од половина од светскиот пазар, тоа може набрзо да се смени.

1 коментар на “Microsoft го објавија финалниот IE 9, само за Windows 7 и Vista

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии