Microsoft ги објави Visual Studio 2012 и .NET Framework 4.5

Microsoft вчера го објави Visual Studio 2012 и .NET Framework 4.5 со интегрирани развојни решенија за програмирање и управување со апликациите.Компанијата ги објави и датумите кога ќе излезе првата надоградба на Visual Studio, алатките за Visual Studio 2012 Express for Desktop, F# алатките за Visual Studio Express 2012 for Web и TFS Power Tools за Visual Studio 2012.

„Програмерите денес имаат одлична прилика да создаваат модерни клиентски апликации поврзани со услугите што ги нуди облакот. Така информациите се секогаш достапни до корисниците, на било кој уред во било кое време.“, вели г. Сомасејгер, потпретседател за развој на софтвер во Microsoft.

Со .NET Framework 4.5, Microsoft на програмерите им нуди изработка на апликации за Windows Forms, WPF, апликации за Windows 8 Store, како и решенија за локација и во облакот, како што се Windows Server и Windows Azure.

Подобрениот .NET Framework 4.5 вклучува подобрени перформанси и олеснето асинхроно и паралелно програмирање. Решенијата вклучуваат .NET и XAML функционалности за Windows 8 Store апликациите, ASP.NET, Windows Identity Foundation, Entity Framework и Windows Communication Foundation. Додека пак, за решенијата во облакот, Windows Azure нуди целосна поддршка за .NET развој внатре во Windows Azure SDK за .NET.

Повеќе информации што е ново во Visual Studio 2012 можете да прочитате на http://www.microsoft.com/visualstudio/eng/whats-new, а за .NET Framework 4.5 на http://www.microsoft.com/net.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии