Microsoft го објави Release Preview на Windows 8

Сега може да ја симнете тест верзијата на Windows 8 која е скоро готова за објавување. Microsoft се надева дека официјалната верзија на овој популарен и редизајниран оперативен систем ќе започне да се продава во декември оваа година.

Несомнено Windows 8 е (р)еволуција на овој софтвер кој сега е редизајниран да има два интерфејси – стандарден и Metro со апликации на цел екран кои се контролираат со допир. Освен десктоп компјутери, Windows 8 ќе ги таргетира и таблет компјутерите и хибридните лаптопи со екрани на допир.

[youtube]eM5pFkNQ7no[/youtube]

За разлика од претходно објавената тест верзија, во оваа нова Release Preview верзија се додадени Metro апликации за Hotmail, SkyDrive и Messenger, како и бројни други апликации од други издавачи. Додадена е и подобра поддршка за користење на повеќе монитори, и има Windows 8 Aero тема која ќе ја нема во официјалната верзија.

Исто така Microsoft додаде персонализација на Start екранот и ја додаде новата верзија на Internet Explorer која сега има поддршка за Adobe Flash Player и oпција „не ме следи“ која е вклучена по зададено. Microsoft и Adobe се решија во оваа верзија на Windows 8 да стават Flash со кој може да се гледа видео, но oд кој се тргнати функционалностите кои можат да предизвикаат брзо трошење на батеријата или намалување на перформансите.

Доколку ја симнете Release Preview верзијата, имајте на ум дека ова сепак е тест верзија и може да се појават бројни грешки.

[youtube]-PVYi1gxl_M[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии