Microsoft го нарече Google „Scroogle“

Денес Microsoft ја започна својата контроверзна анти-кампања против Google во која ги убедува луѓето дека Google ги води на погрешно место бидејќи сите резултати за купување се платени.

На новито веб сајтот Scroogle се вели дека „Google Shopping не е ништо повеќе од листа на таргетирани реклами кои корисниците мислат дека се резултати од пребарувањето“, а во видеото подолу од Microsoft објаснуваат колку Google е релевантен и колку тие се платени за оваа работа.

Инаку, за тие што не се запознаени, Bing соработува со Shopping.com сервисот кој е во сопственост на eBay и не прифаќаат нови трговци да бидат додавани во своите резултати. Но, изгледа дека од Microsoft имаат заборавено дека и самите имаат сличен „pay-to-play“ систем со кој платените понуди добиваат поголема видливост.

2 коментари на “Microsoft го нарече Google „Scroogle“

  1. Пробав еден период од 2 недели да го користам Bing, но не одеше никако. Резултатите кој ми ги даваше беа прилично различни од она шо Google ми го дава. Пример да барам некој поим кој знам дека го има на Wikipedia, Bing Ми дава повеќе резулати од истата статија на википедиа на различни јазици, и најчесто англиската верзија не е прва.

    А има и една изрека: „Кога работи, не го поправај.“

  2. Хехе, scroogle.org беше едно време search engine за сите кои си имаа Conspiracy Theories против Google :). Пребаруваш на веб преку серверот на scroogle и google нема инфо од кај пребаруваш :). Некаде февруари 2012 Google му се напна и го изгаси. Го избриша од Seach плус банираше requesti од негови сервери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии