Microsoft го најави Windows Mobile 6.5

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}Microsoft на Светскиот конгрес за мобилни кој се одржува во Барселона, најави неколку новини. Најпрвин го најави својот најнов оперативен систем за мобилни телефони – Windows Mobile 6.5, друга новина е отворањето на онлајн продавница за мобилни апликации наречена Windows Marketplace for Mobile како и услугата за бекап на телефоните наречена ‘My Phone’.

"Време е да го воведеме целото Windows искуство во телефоните, искуство што би се очекувало од телефоните со поголем дисплеј" изјави Стив Балмер, директорот на Microsoft. Компанијата ги охрабрува своите партнери да започнат да ги нарекуваат сите телефони од новата генерација кои користат Windows Mobile 6.5, Windows телефони, односно "Windows Phone". Телефоните кои ќе користат Windows Mobile 6.5 се очекува да бидат испорачувани во четвртиот квартал од оваа година.

Во дизајнирањето на својот нов мобилен оперативен систем, Microsoft направи неколку јасни одлуки околу тоа кои работи треба да доаѓаат стандардно со Windows телефоните и кои работи ќе се остават на добавувачите и корисниците да ги постават по потреба. Иконата ‘Start’ во Windows Mobile 6.5 овојпат е задолжителна. "Досега, Start иконата можеше и да ја нема на телефоните базирани на Windows Mobile, во зависност од производителот," објаснува Наташа Кван, менаџер на Microsoft Communications за Азија и Пацификот. "На Windows Mobile 6.5, Start иконата е стандардна и ние мора да бидеме сигурни дека било која апликација нема да го компромитира изгледот и чувството на Windows Mobile 6.5" вели Кван.

{mosimage}

Windows Mobile 6.5 поседува "home screen" со листа од апликации која може да се дотерува по потреба. Корисниците ќе можат да постават опција за стартување преку еден клик на своите омилени песни, своите најнови е-меил пораки или пак своите омилени апликации за социјално вмрежување. Со притискање на копчето ‘Start’, се добива аранжиран приказ на сите достапни апликации во хексагонален модел, сличен како пчелично саќе.

Microsoft исто така има оптимизирано кои лични податоци ќе бидат видливи кога телефонот е заклучен, прикажувајќи го точното време, следниот состанок зачуван во календарот на корисникот, како и листа на пропуштени повици, е-меил и СМС пораки кои корисникот ги добил откако последно го користел телефонот.

Новиот оперативен систем доаѓа со Internet Explorer и целосна Flash поддршка, и на тој начин како што велат од Microsoft нуди "интернет пребарување со квалитет како на РС".

Windows Mobile 6.5 телефоните исто така ќе поседуваат нови технологии со допир и гестикулација, развиени од Microsoft. Корисниците ќе можат да го влечат својот прст хоризонтално преку дисплејот за да ги прелистуваат пораките. Апликациските икони се извршуват со лизгање на лево или на десно, додека со притискање и држење на иконата се зачувува апликацијата "home page".

Microsoft во верзијата 6.5 ќе го вклучи и првиот обид за сервис за купување апликации за телефоните со Windows Mobile, наречен Windows Marketplace for Mobile; како и My Phone, бесплатна услуга за бекап со корисничкиот ID од Windows Live. Marketplace ќе биде место за пребарување, порачка и инсталирање на апликации за нивниот мобилен оперативен систем.

Енди Лидс, подпретседател на секторот за мобилни комуникации во Microsoft, вели дека Мarketplace е алтернативна опција за преземање на апликации од интернет или нивно инсталирање рачно. Девелоперите ќе мораат да поминат низ процес на сертификација за да се осигура компатибилноста со Windows Mobile 6.5, пред нивните апликации да бидат поставени на листата.

И Nokia, производителот на мобилни телефони, исто така денес го oбјави својот сајт за апликации Ovi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии