Oфицијално е: Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари

Microsoft ќе продолжи да инвестира во и да ги поддржува Skype клиентите на не-Microsoft платформите, се вели во официјалното соопштение.

Мicrosoft ќе стартува нова бизнис дивизија за Skype, каде сегашниов директорот на VoIP сервисот, Тони Бејтс ќе биде директор на дивизијата која ќе одговара директно на Стив Балмер. Во соопштението немаше детали кога ќе почне соработката и интеграцијата на Skype со Windows уредите, но затоа закажан е вебкаст во живо за во 17 часот.

</надополнување>

Microsoft е блиску да го купи Skype Technologies за меѓу 7 и 8 милијарди долари, што е „најагресивен потег на Microsoft да игра во се поголемиот свет на комуникации, информација и забава“ пишува Wall Street Journal.

За Skype беа заинтересирани и Facebook и Google, но се чини дека гигантот од Редмонд успеа да понуди подобар договор. Според WSJ се очекуваат вести во текот на денот, но има и напомнување дека преговорите сé уште се во тек, не се финални.

Би било интересно да се види што Microsoft ќе направи со Skype кој има над 663 милиони корисници, но интересно само мал процент купуваат кредити. Од неодамна Skype внесе и реклами да си ја зголеми профитабилноста. Skype прави околу 859 милиодни долари годишни приходи, но и покрај тоа е со загуба од 7 милиони и има долг од 686 милиони долари, кој најверојатно Microsoft ќе го исчисти при купувањето.

Од друга страна не мора да се искористи Skype за да прави пари, туку за да ги направи останатите Microsoft сервиси поконкуренти, посебно мобилните Windows Phone. Skype има добра видео комуникација која може да се искористи за мобилните телефони, како што тоа го прави Apple со FaceTime на iOS уредите. Или пак да го интегрира во xBox и Kinect гејминг конзолите поврзувајќи ги за онлајн гејминг.

Skype ќе биде највредната аквизиција на Microsoft во 37-годишното постоење.

Инаку, Microsoft e третиот власник на Skype од стартување на компанијата во 2003-та. ВО 2005-та eBay го купи VoIP сервисот за 2,6 милијарди долари, за потоа да продаде 70 отсто од акциите на инвеститорите Silver Lakeс Partners и канадскиот пензиски фонд.

1 коментар на “Oфицијално е: Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии