Microsoft го купува креаторот на Minecraft за 2 милијарди долари?

Microsoft е подготвен да потроши 2 милијарди долари на Mojang, шведското студио кое ја направи популарната игра Minecraft, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на анонимни извори. Според нив, аквизацијата ќе биде комплетирана уште следната недела, по неколку месечните преговори.

Mojang е студио основано од 35-годишниот Маркус Notch Персон, кој успеа Minecraft да ја претвори од независна игра до сложувалка која се игра од 100 милиони играчи од целиот свет – достапна на декстоп, конзоли и паметни телефони. Големата вредност која Microsoft jа става на Majong е поради приходите на компанијата кои лани достигнаа 320 милиони, главно од Minecraft.

Oригинално објавена во 2011-та година како десктоп игра, Minecraft доживе одличен успех на Xbox, конзолата на Microsoft, на која се продаде во 12 милиони копии. Според WSJ, Microsoft сака да го купи Majang за да обезбеди квалитетна содржина за својата конзола, но и за својата мобилна платформа. Minecraft e достапна за iOS и Android, но не и за Windows Phone. Иако е достапна за Windows 8 ако се симне од сајтот на Mojang, сепак Minecraft ја нема на официјалниот Windows Store, бидејќи основачот г. Персон изјави дека „Windows 8 е најрестриктивната платформа“. Г. Персон ги искритикува и Facebook дека не е компанија на која може да се верува, и затоа ги прекина плановите да ја донесе Minecraft на Oculus Rift, сетот за виртуелна реалност во сопственост на Facebook. Тогаш, во пост тој рече дека „Mojang не постои за да го направи основачот многу богат, туку бидејќи имав среќа со Minecraft“.

[youtube]MmB9b5njVbA[/youtube]

1 коментар на “Microsoft го купува креаторот на Minecraft за 2 милијарди долари?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии