Microsoft го купува GitHub

Дејан Соколоски

во Свет

Microsoft е во преговори за купување на онлајн складиштето за код GitHub, конечната потврда може да ја добиеме веќе денес за кога најрано е најавена официјална информација. Оваа вест ја пренесоа повеќе релевантни медиуми. Неофицијална и непотврдена вест е дека цената која Microsoft би можел да ја плати за GitHub е околу 5 милијарди долари. Неофицијално, на чело на GitHub под Microsoft ќе застане Сридхар Рамасвами.

GitHub е алатка која ја користат многу девелопери и значително ја олеснува соработката на големи проекти. Многу големи корпорации како Google, па и Microsoft ја користат за колаборација, вели Bloomberg. Microsoft е најголем контриубутор на сајтот со над 1 000 вработени кои кодираат на GitHub. Компанијата на платформата го чува и кодот за својот оперативен систем.

Microsoft под водство на Сатја Надела започна да се отвора за open source заедницата. Компанија го отвори кодот на PowerShell, Visual Studio Code и JavaScript за Edge. Двете компании соработуваат на интеграција на GutHub во App Center за девелопери. Најверојатно ќе има и подлабока интеграција во дел од другите платформи кои ги нуди Microsoft.

Што понатаму ќе се случува со GitHub и Microsoft ќе дознаеме наскоро. GitHub во 2015 беше проценет на 2 милијарди долари, но без сомневање цената на платформата порасна последниве три години.