Microsoft ја купи ZeniMax Media за 7.5 милијарди долари, компанијата зад серијалите The Elder Scrolls, Fallout и Doom

Мартин Јованчевски

во Веб, гејминг

Вчера беше невозможно да се избегне веста дека Microsoft e новиот сопственик на ZeniMax Media и правата за серијалите како The Elder Scrolls, Fallout, Doom, Quake, и Dishonored. За цена од неверојатни 7.5 милијарди долари, бројни студиа со над 2300 вработени се најдоа под чадорот на Xbox, а сите нивни игри набргу ќе станат дел од Xbox Game Pass.

Ова е втората најскапо направена зделка во историјата на гејмерската индустрија. Првото место и понатаму се држи од Tencent и нивното купување на развојното студио Supercell за 8.6 милијарди долари. Чисто за пример, Mojang (Minecraft) беше купен за 2.5 милијарди долари.

Сите идни игри на Bethesda инстантно ќе бидат дел од Xbox Game Pass претплатата, со што конзолата на Microsoft стана исклучително попривлечна. Се претпоставува дека игрите како Starfield и The Elder Scrolls VI би можеле да бидат екслузивни за PC и Xbox пазарот, но не и за PS5.

Why Microsoft bought Bethesda for $7.5 billion - The Verge

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии