Microsoft го купи Nuance за 19,7 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Вести

Microsoft ќе плати 19,7 милијарди долари за Nuance, компанија која со помош на вештачка интелигенција го подобрува препознавањето на говор. Во сумата која Microsoft ќе ја плати е вклучен и долгот на Nuance.

Решението кое го изработи Nuance, со помош на „deep learning“ го подобрува препознавањето на говор. Технологијата која ја користат прави подобра транскрипција на говорот благодарение на можноста за прилагодување кон гласот на говорникот. Двете компании соработуваат од 2019, а Microsoft ја користи технологијата на Nuance во Microsoft Cloud for Healthcare.

„Nuance обезбедува ново ниво на вештачка интелигенција во здравствената заштита, и е пионер во реалната примена на ентерпрајз вештачка интелигенција“, вели Сатја Надела, извршен директор на Microsoft.

„Вештачката интелигенција е врвен приоритет на технологијата, а примената во здравствениот сектор е итна. Заедно, со нашиот партнер екосистем ќе обезбедиме напредни AI-решенија на професионалците насекаде, за да можат да носат подобри одлуки, и да креираат позначајни поврзувања, како што го забрзуваме развојот на Microsoft Cloud for Healthcare и Nuance“.

Microsoft би можел да ја искористи технологијата на Nuance и во дел од својот хардвер, на пример во паметните звучници кои препознаваат различни говорници и можат да направат транскрипција на разговорите. Овие звучници се користат за да го олеснат следењето на деловните видео разговори. Освен транскрипција нудат и можност за превод на разговорите.

Ова е втора највисока цена која Microsoft ја платил за компанија. На прво место и натаму е LinkedIn за кој Microsoft во 2016 година оддели 26 милијарди долари. Со оглед на тоа дека неодамна се појавија гласини дека Microsoft е заинтересиран и за Discord, Nuance можеби нема да биде последно купување периодов.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии