Microsoft го купи LinkedIn за 26 милијарди долари

Мicsrosoft објави на својот блог дека влегле во„дефинитивна зделка“ да ја купат најголемата бизнис мрежа LinkedIn за 26,2 милијарди долари во кеш. Официјалното купување ќе се случи до крајот на годината.

LinkedIn е уште еден канал на Мicrosoft да се доближи поблиску до бизнисите и организациите, овој пат преку друштвена мрежа што им фалеше во портфолиото на продукти. Според компанијата, LinkedIn ќе си ја задржи независноста и брендот, но како и со претходните свои аквизиции на познати компании, Microsoft ќе најде начин да го интегрира LinkedIn во својот оперативен систем Windows 10; или поверојатно ќе интегрира функционалности на својот софтвер во LinkedIn. Засега нема многу детали, но не би не изненадило ако наскоро во LinkedIn видиме копчиња за Skype повици или колаборативно уредување документи во Word.

LinkedIn има над 300 милиони корисници од преку 200 земји, и тоа што го прави исклучително вреден е што работи со професионалци. Ова е најголемата друштвена мрежа за професионалци да разменуваат контакти, да аплицираат за работа и да закачуваат свои резимеа. „Тимот на LinkedIn изгради фантастично бизнис центрирана мрежа за поврзување на професионалците ширум светот. Заедно, може да го забрзаме растот на LinkedIn, да отвориме можност за Microsoft Office 365 и Dynamics, како и да им дадеме поголема поддршка на луѓето и организациите на планетaта“, вели директорот на Microsoft, Сатја Надела.

1 коментар на “Microsoft го купи LinkedIn за 26 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии