Microsoft го купи Github за 7.5 милијарди долари

IT.mk редакција

во feature, Вести

По најавата дека Microsoft ќе го купи Github, сега имаме и официјaлна потврда и сума за која се реализира продажбата. Microsoft и официјално го потврди договорот вреден 7.5 милијарди долари.

На чело на Github сега доаѓа Нет Фридмен, поранешен CEO на Xamarin. Додека ко-основачот и поранешен CEO на Github, Крис Ванстрат ќе остане во Microsoft како дел од тимот кој ќе работи на стратешки софтверски иницијативи.

GitHub во март 2018 година имал 28 милиони програмери во својата заедница и 85 милиони складишта за код, што го прави најголемиот извор на код на глобално ниво.

Но, и покрај популарноста на платформата, GitHub никогаш не остварил профит. Главниот извор на приходи на GitHub се месечните претплати за дополнителни функции кои се движат од 7 до 21 долар по корисник за месец.

Иако од Microsoft велат дека Github ќе си го задржи својот developers-first пристап за развој и ќе работи самостојно за да обезбеди отворена платформа за сите програмери во сите индустрии, останува да видиме дали тоа навистина ќе остане така.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии