Microsoft ги претстави софтверските алатки за Kinect

Од стартувањето на Kinect во ноември 2010-та, платформата за xBox 360 која не користи џоистици, туку телото и движењата се контролери, стана една од најпродаваните гејминг уреди, надминувајќи го и iPаd-oт. Покрај успешната продажба, низ светот се појавија неверојатни примери од хакнување на Kinect, пример, 3Д моделирање со раце, контролирање на World of Warcraft, контрола со движење на Gmail…

Ова го заинтересира Microsoft, кој го сфати потенцијалот на платформата дека разни програмери и истражувачи можат да ја искористат да креирање на разновидни апликации, па на MIX11 конференцијата ги претстави софтверските алатки потребни за креација, кои беа прво најавени во јануари.

Идното користење на овие апликации може да подразбира користење на Windows со движења, наместо со глувче. Всушност додадете ги движењата на екранот со допир и може да се добие кориснички интерфејс како од Minority Report.

Во моментов SDK-то е наменето само за некомерцијална употреба, односно само за истражување и експериментирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии